Италијанската скијачка Елена Фанкини се здоби со сериозна повреда на тренингот во Колорадо и ќе ја пропушти претстојната сезона во Светскиот скијачки куп. Таа при непријатен пад заработи скршеница на фибулата, како и фрактура на прстот на раката, информира Скијачката асоцијација на Италија. Дефинитивно нема да може да настапува на натпреварувањата оваа сезона.
Фанкини имаше здравствени проблеми и во минатото, пропуштајќи ги Зимските Олимписки Игри во Пјонгчанг, поради тумор, но успеа да ја победи болеста.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА