Муниаин ги откачи Ливерпул и Лацио – потпиша нов договор со Атлетик Билбао

Икер Муниаин ги разреши сите дилеми околу својата иднина потпишувајќи нов долгогодишен договор со екипата на Атлетик Билбао. Офанзивниот фудбалер стануваше слободен играч на крајот од сезонава, поради што сериозен интерес за неговите услуги покажаа неколку клубови. Ливерпул и Лацио подготвија и понуди за да го доведат Игуаин во своите редови без никаква отштета кон Атлетик, но баскискиот клуб успеа да го убеди Муниаин да ја продолжи соработката.

„Икер Муниаин и Атлетик Билбао повеќенеделни преговорија одлучија да ја продолжат соработката до 2024 година. Она што е уште позначајно е што двете страни се договорија во договорот да нема клаузула што би овозможила предвремено заминување на овој важен фудбалер од нашиот клуб“ – се вели во соопштението на Атлетик Билбао.

Муниаин и сезонава е најдобар стрелец во овој клуб, постигнувајќи четири гола за тимот предводен од тренерот Берицо.

Се вчитува...