Во комплетен состав и во добра атмосфера македонските ракометарки се подготвуваат за квалификациите за место во баражот за СП 2019.
Селекторот Симе Симовски на располагање има 20 ракометарки, задоволен е од формата и од ангажираноста на девојките и се надева на позитивен резултат на претстојните натпревари на кои Македонија ќе биде домаќин од 30 ноември до 2 декември.
Домашниот терен и поддршката од публиката ќе бидат мотив повеќе за македонските ракометарки во борбата за првото место во групата со селекциите на Азербејџан, Туција и на Исланд.
Целта е јасна и нема простор за грешки и пропусти, првото место обезбедува пласман во баражот за СП 2019 во Јапонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА