Матјаж Кек ќе биде нов селектор на Словенија

Досегашниот тренер на хрватскиот прволигаш Ријека, Матјаж Кек, ќе биде нов селектор на фудбалската репрезентација на Словенија. Тој се договорил со Фудбалската федерација на својата земја повторно да го преземе кормилото на словенечкиот национален тим, предизвик што го имаше и во периодот од 2007 до 2011 година. Во наредните неколку дена се очекува договорот да биде и официјално потпишан, објавуваат словенечките медиуми.

Фудбалската репрезентација на Словенија бележеше слаби резултати под раководство на Томаж Кавчиќ, а по неговото заминување селекцијата на водеше асистентот Игор Бенедејчич.

Се вчитува...