Македонскиот ракометен репрезентативец Мартин Велковски денеска е успешно опериран по сериозната повреда што ја заработи на мечот против Бешикташ. Капитенот на Металург ја скина Ахиловата тетива, повреда која бараше итен хируршки зафат што е реализиран во првата општа болница во Република Македонија, Ре Медика, кај специјалистот за овој вид повреди д-р Димитар Споа.
Операцијата, според информациите од официјалниот сајт на РК Металург, поминала одлично, а процесот на рехабилитација ќе трае неколку месеци. Оваа сезона за Мартин Велковски е завршена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА