Дидие Дрогба се пензионира

Најпознатиот фудбалер на Брегот на Слоновата Коска и поранешна ѕвезда на Челси, Дидие Дрогба, ја завршува кариерата. Последните 18 месеци легендата на африканскиот фудбал ги помина во САД, во тимот на Феникс каде што е и косопственик.

„По 20 години решив да ставам крај на кариерата. Ова е најдобриот начин да се повлечете, помагајќи на младите играчи да напредуваат. Му вратив на фудбалот за се она што ми го даде низ кариерата“ – изјави Дрогба

Најславниот период од кариерата, Дрогба го имаше во Челси, клубот за кој одигра 381 натпревари, постигна 164 гола, освои четири премиерлигашки титули и славеше во Лигата на шампионите во 2012 година.

Тој не играше елитен фудбал дури до 23 години. Францускиот Генгамп го зеде од второлигашот Ле Ман во 2002 година. 18 месеци подоцна се пресели во Марсеј, а следната година отиде во Челси во трансфер вреден 24 милиони фунти.

Се вчитува...