Бразилската полиција му ги заплени автомобилите на Роналдињо (ФОТО)

Бразилската полиција упадна во домот на Роналдињо и му заплени три луксузни автомобили и дел од уметничката колекција како гаранција за напалта на долгот што фудбалската ѕвезда од 1,75 милиони евра го има кон државата. Роналдињо и неговиот брат се обвинети за уништување дел од животната средината при изградбата на Институтот за помош на деца и тинејџери.

Долгот се влече уште од 2013 година, властите правеле повеќе обиди да дојдат до Роналдињо, минатиот месец му го одзедоа пасошот, а сега влегоа во семејниот дом и конфискуваа вредост во висина на сумата што треба да биде платена.

Се вчитува...