Лино Червар го напушта Загреб

Поранешниот тренер на Металург, Лино Червар, го напушта ППД Загреб по само пет месеци поминати на клупата на хрватскиот шапион.

Храватските медиуми инфрормираат дека Червар ќе ги води „плинарите“ уште на 2-3 натпревари, а потоа целосно ќе и се посвети на селекторската работа со репрезентацијата на Хрватска пред настапот на СП во Германија и во Данска во јануари.

Одлуката е донесена во согласност со договорот со управата на клубот и тоа уште многу порано. Се договоривме дека ќе го водам Загреб до Нова година, а потоа целосно ќе и се посветам на репрезентацијата. Како што знаете сега не чекаат подготовките за СП кое е во јануари и навистина имам премногу работа така што сметам дека е подобро некој друг да го преземе водењето на клубот“ – изјави Червар за порталот Index.hr.

Според хрватските медиуми, после тешкиот пораз на ППД Загреб  во ЛШ од Целје „паднале тешки зборови“ меѓу Червар и луѓето од клубот. Но, Червар на тоа нема коментар.

„Не сакам тоа да го коментирам. Го реков тоа што го реков“ – вели Лино Червар.

Се вчитува...