Флорентино Перез се откажа од намерата за ангажман на Нејмар

Европскиот првак Реал Мадрид се откажа од намерата да го купи Бразилецот Нејмар. Претседателот Флорентино Перез имаше голема желба да го доведе на „Сантијаго Бернабеу“ изминатото лето, но сега веќе бразилскиот ас не е во фокусот на „кралскиот клуб“. Ова откако фановите јасно се изјаснија дека не го сакаат Нејмар во белиот дрес, само затоа што во минатото беше дел од Барселона.

Низ историјата поголем број фудбалери пристигнале од Барселона во Реал Мадрид, меѓутоа навивачите немаат желба Нејмар да пристигне во шпанската престолнина.

Пари Сен Жермен можеби ќе мора да продаде еден од двајцата најскапи фудбалери, Нејмар или Килијан Мбапе, поради проблемите со финансискиот фер-плеј.

Се вчитува...