Скандал во Србија – Репрезентативец фрлил копачка на селекторот!

Српскиот фудбал го тресе нова афера. Иако репрезентацијата на Србија под водство на слеекторот Младен Крстајиќ заврши добра работа во групата Ц од Лигата на нациите и обезбеди пласман во повисок ранг, сепак, сето тоа не помина без несакани сцени.

На полувремето на натпреварот со Литванија, српскиот селектор имал караница со репрезентативецот Младен Гаќиновиќ.

Спред информациите што ги објави „Спортски журнал“, Ѓаќиновиќ незадоволен од информацијата дека ќе биде сменет во второто полувреме, го нападнал селекторот Крстајиќ, а наводно, кон него фрлил и копачка.

Во расправијата се вклучил капитенот на Србија, Александар Коларов, кој бил во близина, и му одржал лекција на Гаќиновиќ.

„Кој си ти? Кој трофеј си го освоил во кариерата за да не смее никој да те замени?“ – му рекол Коларов на својот репрезентативен колега.

Дека имало судир во репрезентацијата за српските медиуми потврдил и директорот на Фудбалската федерација на Србија, Дарко Ковачевиќ.

„Не бев на местото на настанот, но слушнав што се случило. Неговото однесување е непримерно. Секој има право да биде незадоволен, но интересот на репрезентацијата е над сите. Младите треба да гледаат пример во Матиќ и во Коларов и треба да им биде чест што играат со нив“ – истакнал Ковачевиќ.

Се вчитува...