На Болт му пропадна уште еден фудбалски трансфер

На Усаин Болт не му оди најдобро во фудбалската кариера. Поранешниот спринтер од Јамајка остана без уште една можност да најде нов клуб.

Најбрзиот човек во светот неодамна неуспешно ја заврши пробата во Маринерс и оттогаш се поврзува со повеќе клубови, но на крај од сето тоа нема ништо. Последните информации го преселија Болт во турскиот Сиваспор.

Но, од клубот брзо одговорија на шпекулациите и порачаа дека не се заинтересирани да го донесат Усаин Болт во својот тим.

За потсетување, Болт пред неколку дена изјави дека до крајот на овој месец ќе одлучи дали ќе прифати некоја од понудите што ги има или едноставно, ќе се откаже од фудбалот.

Се вчитува...