Најтрофејниот канaдски алпски скијач Ерик Геј објави крај на кариерата експресно по драмaтичната несреќа на тренинг во која неговиот тимски партнер Мануел Озборн Паради заработи тешка скрешеница на ногата. Двојниот светски шампион во тој момент се подготвувал за неговата тренинг трка.
„Се ставив во негова позиција. Си помислив, ако ми се случи ова мене, нема да имам сила да го поминам процесот на рехабилитација. Ја донесов одлуката на стартната капија“ – изјави Геј.
Најславното име на канадското скијање во последнава деценија има светска титула во спуст од 2011 и во супервелеслалом од 2017 година. Учествуваше на три Зимски олимписки игри, најдобар пласман има од Торино од 2006 година кога во супер-џи беше четвртопласиран. Во Светскиот куп има 25 подиуми и пет победи во брзите дисциплини.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА