Милан нема пари да го плаќа Игуаин, ќе го врати во Јувентус

Италијанскиот калчолигаш Милан нема да го откупи договорот на аргентинскиот интернационалец Гонзало Игуаин, туку ќе го врати во редовите на Јувентус по завршувањето на оваа сезона. Напаѓачот дојде на еднгодишна позајмица за која Милан плати 18 милиони евра, но треба да доплати уште 36 милиони за комплетно да го откупи неговиот договор. Како што информираат медиумите на Апенините, тоа нема да се случи.

Раководството на „росонерите“ проценило дека тоа ќе биде тежок финансиски удар за клубот, па Игуаин по завршувањето на сезоната ќе се врати во Торино. 30-годишниот Игуаин има договор со „старата дама“ до јуни 2021 година.

Милан процени дека подобра опција од Игуаин е да го доведат бразилскиот напаѓач Лукаш Пакета, кој чини 7 милиони евра.

Се вчитува...