Брестовац: Успех против Силкеборг ќе биде само победа

Во последниот натпревар од Лигата на шампионите за оваа сезона, Металург утре (17.30 ч.) во СЦ „Борис Трајковски“ го пречекува Силкеборг. Лидерот во групата Ц ја има фаворитската улога, но „металурзи“ влегуваат растеретено во овој меч со желба да одиграат добро и да ја искористат секоја шанса што ќе им се укаже. Хендикеп за Металург е повредата на Мартин Велковски кој неделава беше опериран и за него сезоната е веќе завршена, а отустен неделава од семејни причнини беше и Анте Токиќ. Но, проблемите не го намалуваат оптимизмот кај македонскиот вицешампион.

„Играме со најдобрата, најскапата и најискусната екипа во нашата група. Доволно е да се спомене дека Силкеборг на пикерската позиција ги има Нодезбо и Кнудсен и се е јасно со каков квалитет и искуство располагаат. Ова е натпревар од кој нашите играчи можат многу да научат. Се надевам ќе се покажеме во добро светло иако зад нас е тешка недела, Велковски имаше операција, Токиќ смртен случај…Се обидуваме да работиме на високо ниво, да напредуваме. Мислам дека сме на добар пат“ – истакна тренерот Данило Брестовац.

На првиот натпревар на гостувањето во Данска, Металург загуби со осум гола разлика (33-25), а Брестовац доби црвен картон за реакцијата кон официјалните лица. Во Скопје, „металурзи“очекуваат подруг тек на играта и победа.

Очекувам добар натпревар, добро ги анализираме и мислам дека можеме да им парираме, имаме и ротација да го направиме тоа. Таму се држевме 40-на минути, имаше некои чудни ситуации на тој натпревар, на кој и денеска се смеам. Но, не би се навраќал повеќе на тоа. Си ги гледаме нашите грешки, гледаме да напредуваме и се надевам сите што ќе дојдат ќе уживаат во натпреварот. На секој натпревар се обидувам да влијаам на играчите да одиме на победа. Јас се обидувам да наметнам победнички менатлитет. Знам дека сме далеку од нив, но, за мене успех е победа“ – истакна Брестовац.

Оптимистичко расположение пред утрешниот меч со Силкеборг владее и меѓу играчите на Металург кои се подготвени да дадат максимум и да се реваншираат за поразот во Данска, но и со победа да го завршат настапот во ЛШ пред домашната публика.

Станува збор за најквалитетнате и најискусната екипа во нашата група. Како што кажа и тренерот, вреди посебно да се издвои пискерската позиција на која Силкеборг е исклучително силен, ги има можеби и најсилните играчи на оваа позиција. Но, ние ќе играме и нема премногу да респектираме никого. Секогаш може да се изненади, ова е спорт. Во Данска имавме еден специфичен натпревар на кој премногу им се допушташе на домашните ракометари. Ние сме млада екишпа, желни за за победи. Мислам дека може добро да се покажеме на овој натпревар“ – истакна пикерот на Металург, Милан Лазаревски.

До крајот на групната фаза, после мечот со Силекборг, на Металург му останува уште гостуивањето кај Татран Прешов во последното коло.

Се вчитува...