Реал Мадрид го притиска Модриќ да си замине во Интер

Хрватскиот интернационалец Лука Модриќ е главен кандидат за освојување на „Златната топка“, но Реал Мадрид сака да се ослободи од неговите услуги по завршувањето на сезоната. Иако „кралевите“ го одбија првиот напад на Интер по Мундијалот во Русија, ситуацијата сега е значително променета. Играчот за врска бележи пад во формата, а веќе во зрели фудбалски години и новиот тренер Сантијаго Солари размислува за други опции.

По истекот на сезоната Модриќ ќе влезе во последната година од актуелниот договор со Реал Мадрид и тоа е вистинскиот тајминг за тој да си замине од „Сантијаго Бернабеу“. Интер е подготвен да плати 35 милиони евра и да го доведе во Милано, а „кралскиот клуб“ суптилно го притиска да си замине од Мадрид.

Се вчитува...