Селекторот на фудбалската репрезентација на БиХ, Роберт Просинечки успешно е опериран во Сараево. Операцијата траела три часа и тој е во стабилна состојба.
„Добро ја поднесе операцијата и неговата состојба е стабилна. Моментно е на одделението за интензивна нега каде ќе остане неколку дена“ – соопштија е од Фудбалската федерација на БиХ.
Тој синоќа беше хоспитализиран, а утрово му беше извршена операција. Неговата состојба вчера значително се влошила, првичните претпоставки биле дека се работи за исцпеност, но потоа биле утврден сериозни абдоминални проблеми.
Легендарниот хрватски фудбалер и поранешен репрезентативец на Југославија, пред осум години ја почна тренерската кариера. извесен период беше селектор на Азербејџан, а од јануари годинава ја презеде селекцијата на БиХ со која успешно ја мина групата од првата фаза во Лигата на нациите и избори пласман во елитната група од ова натпреварување за следната сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА