Тевез е „Бог“ во Бока: Спаси навивач од полицијата (видео)

Карлос Тевез е херој на навивачите на Бока јуниорс од самото враќање во овој клуб, но со својот потег во пресрет на утрешниот реванш со Ривер плата тој прерасна во „Бог“ во очите на најверните фанови на трофејниот аргентински колектив.

Имено, над 40.000 фанови синоќа му скандираа на поранешниот ас на Јувентус, Манчестер сити и Манчестер јунајтед откако спаси еден навивач од полицајците додека се обидуваа да го отстранат од теренот. Навивачот слезе од трибините за да им посака среќа на своите миленици пред историскиот реванш, полицајците не му дозволија да им се приближи на фудбалерите, но тогаш на сцена стапи Тевез…

 

Се вчитува...