Преоптимистички желби на Мурињо: Јунајтед во ’топ 4’ до крајот од декември

Манчестер јунајтед може да се пробие во водечката четворка на табелата во Премиер-лигата до крајот од оваа година, тврди менаџерот Жозе Мурињо. Клубот во моментов е осмопласиран со седум бода помалку од последната позиција која води во квалификациите за Лигата на шампионите.

„Знам дека разликата е голема, но исто така знам дека до крајот од декември имаме уште осум натпревари кои би донеле 24 бода. Веруваме дека ќе бидеме таму“ – вели Мурињо пред дуелот на Манчестер јунајтед со Кристал Палас, денеска во 13. премиерлигашко коло.

Манчестер јунајтед има набиена декемвриска агенда во која покрај завршницата од Лигата на шампионите има и два дерби дуели, против Арсенал на 5. декември и гостување кај Ливерпул на 16. декември.

 

 

 

 

Се вчитува...