Не е до Солари, до Реал е…

Сантијаго Солари доби перманентен договор на клупата на Реал Мадрид до 2021 година, а по репрезентативната пауза денеска ќе се обиде да го продолжи стопроцентниот ефект откако го предводи „кралскиот клуб“. Реал Мадрид му гостува на Еибар, а тренерот на домашниот тим, Хозе Луис Мендилибар, вели дека „магијата“ не е во Солари.

„Реал Мадрид е голем тим, со неверојатно квалитетни фудбалери. Тие влегоа во победнички ритам, но не сметам дека Солари е човекот што ги препороди. Едноставно не беше нормално да загубат толку многу натпревари. Мислам дека и Хулен Лопетеги е исклучително квалитетен стратег и дека и со него Реал ќе победуваше“, изјави тренерот на Еибар.

Реал Мадрид се врати во трката за шампионската титула и заостанува четири бода во однос на лидерот Барселона.

Се вчитува...