Сити без Менди до февруари, Бернардо Силва не игра против Вест хем

Англискиот првак Манчестер сити ќе остане без помошта на францускиот интернационалец Бенџамин Менди во наредните три месеци. Тој минатата седмица замина на операција на менискусот на левото колено, а менаџерот Пеп Гвардиола откри дека ќе мора да паузира од 10 до 12 седмици. Тоа значи дека на терените ќе може да се врати во февруари следната година.

„Ќе мораме без Менди во наредниот период. Лекарите предвидуваат пауза од 10 до 12 седмици“, истакна Гвардиола.

На списокот на повредени фудбалери во Манчестер сити се и голманот Клаудио Браво, играчот за врска Кевин де Бруин, а денешното гостување во Лондон и дуелот со Вест хем ќе го пропушти и португалскиот интернационалец Бернардо Силва. Прашање е дали ќе биде подготвен и мечот од Лигата на шампионите против Лион, во вторник.

Се вчитува...