Вардар извлече реми кај Мешков Брест, Дисингер стрелаше за бод од гостувањето

Со голот на Крисијан Дисингер во завршните секунди од натпреварот, Вардар извлече реми 31-31 на гостувањето кај Мешков Брест во дуелот од деветтото коло од групниот сегмент во ракометната Лига на шампионите. „Црвено-црните“ беа на работ на нов пораз откако во дуелот имаа и шест негатива на средината од второто полувреме, но во завршните моменти успеа да ја врати неизвесност и да се избори за бод на гостувањето.

За Вардар ова е прво реми сезонава во елитното ракометно натпреварување и со него ја прекина серијата порази од последните две кола.

Во израмнетото прво полувреме, највисоката предност што ја имаше домашниот состав беше два гола. Мешков имаше една прилика да се одлепи и на три погодоци, но Милосављевимаше одлична интервенција со која не им дозволи на белоруските ракометари да направат поопиплива дистанца. Вардр во финишот од првото полувреме успеа кратко и да поведа, во 27 минута имаше 11-12 со голоот кој го постигна Иван Чупиќ.

Предноста од само еден гол на паузата за Мешков ја обезбеди Сандро Обрановиќ кој реализирашесо звукот на сирената за 14-13. Во првото полувреме покрај голманот Милосављев на високо ниво беше и Криштопанс кој немаше милост за поранешниот клуб и имаше 100 процентна реализација, постигна пет гола од пет обиди.

Со фуриозен влез во второто полувреме, Мешков успеа во 35 минута да ја достигне највисоката предност од четири гола (18-14). Сепак Вардар не дозволи предноста да расте, брзо се рехбилитираше со серија од 4-1 и повторно внесе неизвесност во средбата. Но, тука застана Вардар. домашните ракометари не дозволија долг период на израмнет резултат, со нова голгетерска серија дојдоа до нова највисока предност, плус пет и го направија клучниот исчекор кон победта. Во овој перод на доминација на Мешков, Вардар се соочи и со директниот црвен картон на Глеб Калараш, се чини и малку престрого досуден за фаулот на Ѓукиќ кој истовремено постигна и гол.

Иако во втората половина од второто полувреме изгледаше дека во еден момент дека Мешков комплетно ја презеде контролата и поведе со највисоки шест гола разлика, Вардар сепак не дозволи лесен крај на мечот и намали на само еден гол во 55 минута.

Даинис Криштопанс со осум гола беше прв стрелец, Дисингер и Дибиров постигнаа по  пет.

Вардар и натаму по три средби останува без победа во Лигата на шампионите, по девет одиграни кола има 11 бода. Во следното коло, Вардар ќе е соочи со Киелце од кого загуби во првиот дуел во Полска.

Се вчитува...