Борусија Дортмунд ја задржа предноста од седум бода на врвот на табелата во Бундес-лигата и по 12.коло, но и ја зголеми во однос на Баерн Минхен. „Милионерите“ славеа со 1-2 на гости против Мајнц и имаат 30 бода, пред Ајнтрахт Франкфурт и пред Борусија Менхенгладбах (меч помалку). Баерн Минхен само ремизираше на домашен терен (3-3) против Фортуна Диселдорф и заостанува дури девет бода зад лидерот.
Пако Алкасер ги доведе гостите во водство во 67.минута, но три минути подоцна израмни Кваизон. Сепак, Лукаш Пишчек беше заслужен за триумфот на Борусија Дортмунд, постигнувајќи го победничкиот гол.
Баерн Минхен ремизираше 3-3 против Фортуна Диселдорф. Томас Милер беше двоен стрелец за баварскиот тим, а серијата ја отвори Суле. Но, херојот на Фортуна Диселдорф беше Доди Лукебакио, кој постигна хет – трик и израмнувачки погодок во 92.минута.
Ајнтрахт Франкфурт беше убедлив (1-3) на гостувањето против Аугсбург, а Херта и Хофенхајм ремизираа, 3-3.
Резултати Германија: Аугсбург – Ајнтрахт Франкфурт 1-3, Баерн Минхен – Фортуна Диселдорф 3-3, Херта – Хофенхајм 3-3, Мајнц – Борусија Дортмунд 1-2, Волфсбург – Лајпциг 1-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА