Фудбалерите на Пари Сен Жермен ја остварија и 14.победа во шампионатот на Франција, задржувајќи го максималниот ефект и на дуелот со Тулуз. „Светците“ славеа со 1-0, со голот на Единсон Кавани во деветтата минута. Тренерот Томас Тухел ги немаше на располагање Нејмар и Мбапе поради повреди, а по шестмесечна пауза на теренот се врати Дани Алвеш, кој влезе во игра во 70.минута на местото на Томас Муние.
По 14 кола, ПСЖ има максимални 42 бода на врвот на табелата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА