Австриецот Макс Франц е победник на првиот супст во сезоната од Алпскиот светски скијачки куп. Триумфираше на трката во најбрзата дисциплина во канадскиот центар Лејк Луис. За Франц, кој не е во кругот на најголемите фаворити, ова е само втора победа во кариерата. Првата му е од пред две години во Вал Гардена.
Италијанецот Кристоф Инерхофер заостана 28 стотинки на второто место, а неговиот сонародник Доминик Парис имаше трет резултат. Најдобриот во спуст од минатата сезона Беат Фојц беше само шестопласиран.
Утре во Лејк Луис ќе се вози супервелеслалом.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА