Прва победа за Анри на клупата на Монако

Монако конечно победи. Тјери Анри успеа да стигне до првиот триумф на клупата на „кнезовите“.

Фудбалерите на Монако ја остварија само втората победа оваа сезона во францускиот шампионат, откако славеа со 0-1 на гостувањето против Каен. Радамел Фалкао во 55.минута беше стрелец на победничкиот погодок. По 14 одиграни кола, Монако има само 10 бода и се наоѓа на претпоследната позиција на табелата.

Пари Сен Жермен претходно славеше и 14.триумф по ред и на врвот има максимални 42 бода.

Се вчитува...