Наполи „киксна“ против Киево

Наполи не успеа да го совлада Киево, ремизирајќи без голови на домашен терен против последнопласираниот тим на табелата во Серија А. Тимот на Карло Анчелоти имаше доминација во поле во текот на целиот меч, но не го пронајде патот до мрежата на Киево. По ова, „наполитанците“ имаат негатива од осум бода во однос на лидерот Јувентус.

Фиорентина исто така одигра без голови на гостувањето против Болоња, а Емполи ја совлада Аталанта со 3-2.

Се вчитува...