Кога не оди шутот, МЗТ добива на искуство (ФОТОГАЛЕРИЈА)

МЗТ Скопје Аеродром често се мачи против кумановци во меѓусебните кошаркарски пресметки. Избраниците на Ѓорѓи Кочов им се замерија на обрачите во првото полувреме, не беа ништо подобри ниту во вториот дел, но искуството сепак беше пресудно да стигнат до триумф (76-70) во последниот дуел од осмото коло во Првата кошаркарска лига.

„Металците“ заиграа цврста одбрана токму кога беше најпотребно, во финишот, и успеаја негативата од 10 кошеви да ја претворат во триумф.

 

 

Се вчитува...