Американската скијачка ѕвезда, Микаела Шифрин е победничка на слаломската трка од Алпскиот светски скијачки куп во Килингтон. Пред домашните навивачи, Шифрин ја забележа 45. победа во кариерата, 34. во најтехничката дисциплина откако имаше најдобро време и по двете возења.
Распоредот на двете најдобри во американскиот центар беше идентичен како на воведниот слалом од сезоната во Леви. Второпласирана беше Словачката Петра Влхова. Швеѓанката Фрида Хансдотер имаше трет резултат.
Следниот викенд скијачките се селат во канадскиот Лејк Луис каде ќе се натпреваруваат во брзите дисциплини.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА