Европскиот првак Монпелје останува закопан на последното место во групата од Лигата на шампионите откако вечерва во драматичен натпревар загуби на домашен терен од Кристијанштад со 30-31.
Мечот беше неизвесен се до самиот финиш, кога Валтер Шринц постигна фантастичен погодок „од мртов агол“ на три секунди до крајот, шокирајќи ги европските шампиони. Покрај загубените бодови, дополнителен проблем за Монпелје претставува повредата на ветеранот Гигу, кој сега ќе мора да мине извесно време надвор од терените поради проблемите со скочниот зглоб.
WATCH: @valterchrintz topped off a superb game by winning the match for @IFKKristianstad as the seconds ticked down #veluxehfcl ? pic.twitter.com/aH1xXwUnbm
— EHF Champions League (@ehfcl) November 25, 2018
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА