Хамшик доби специјален дрес за рекордот – „512“

Словачкиот интернационалец Марек Хамшик стана бесмртен во Неапол. Тој одигра 512 натпревари во дресот на Наполи и постави нов рекорд. Поради тоа и доби специјален дрес со тој број, што му го предаде соиграчот Лоренцо Инсиње.

Хамшик го престигна Џузепе Брусколоти, кој во 16 сезони во дресот на Наполи забележа 511 натпревари. Хамшик е сега фудбалерот кој ќе треба да го „ловат“ помладите генерации.

Сепак, „наполитанците“ не се израдуваа и на победа против Киево. Иако тимот на Карло Анчелоти доминираше во текот на целиот натпревар, не успеа да постигне погодок и мораше да се задоволи со бод.

Се вчитува...