Се беше подготвено за фудбалски празник во Буенос Аирес, во реваншот меѓу Ривер и Бока што требаше да го даде новиот првак на Јужна Америка. Дека фудбалот е многу повеќе од спорт во Аргентина е јасно од поодамна, но никој не очекуваше дека празникот може да се претвори во вакво фијаско, па финалето два пати да биде одложувано, и да не се знае кога воопшто ќе биде одиграно.
И така, наместо полн стадион и „аргентинска треска“ на трибините, ќе се најде некој навивач што успеал да влезе на „Монументал“, и разочарано да „зјае“ во тишината.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА