Иниеста се борел со депресија: Едвај чекав да се напијам таблета…

Претставата за обичниот човек е дека фудбалерите имаат се – пари, луксузен автомобил, убави жени, слава… но никој не ја гледа другата страна од „медалот“. Луксузот сам со себе носи и поинакви проблеми, а една од нив е соочување со реалноста – борба со депресијата. Последниот кој проговори на оваа тема е Андрес Иниеста, шпанскиот генијалец кој изненади многумина со признанието дека и самиот се борел со оваа болест.

„Се селиш во свет на илузијата, немаш ништо, не чувствуваш ништо… Само чекав да падне ноќ, да се напијам таблета и да одморам. Кога патиш од депресија тоа веќе не си ти. Стануваш ранлив и тешко е во такви моменти да си го контролираш животот“ – изјави Иниеста во разговор за телевизијата „Ла Секста“.

Тој нема претстава како депресијата се појавила во неговиот живот, но борбата била макотрпна. Како еден од најтешките периоди го наведува времето кога Реал Мадрид на својата клупа го имаше Жозе Мурињо, бидејќи Португалецот го крена ривалството на ниво што го надминува спортот.

„Мурињо беше клучна компонента во лошите односи на Барса и Реал. Тоа ги надминува границите на радикалното, штетеше и на репрезентацијата. Веќе не беше ривалство, тоа беше омраза, апсолутно неподносливо за нормалните луше“ – вели Андрес Иниеста.

 

Се вчитува...