Мбапе, Гризман и Роналдо во трка за најдобар на „Globe Soccer Awards“

Антоан Гризман, Килијан Мбапе и Кристијано Роналдо се во најтесната конкуренција за наградата најдобар за 2018 на „Globe Soccer Awards“ соопшти денеска организаторот. Изненадување е дека без шанса за признанието кое ќе биде доделено на 3. јануари во Дубаи остна хрватскиот репрезентативец, Лука Модриќ.

Во трката за најдобар тренер се селекторот на француската репрезентација Дидие Дешамп, поранешниот тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, предводникот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне како и стратезите на Ливерпул, Јирген Клоп, и на Јувентус, Масимилијано Алегри.

Реал Мадрид, Атлетико Мадрид и Ливерпул ќе ја водат битката за најдобар клуб во годинава што изминува.

Се вчитува...