Тренерот на Пролет, Никола Матлиески, се уште е разочаран по пропуштената можност победничката серија на неговиот тим да продолжи и на дуелот со Пелистер. Пролет „прокоцка“ предност од три гола во самиот финиш, за на крајот да мора да се задоволи со само еден бод во ремито од 27-27.
„Севкупно гледано разочаран сум од резултатот, но не можам да бидам незадоволен од играта во поголемиот дел од натпреварот. Имавме ритам, постигнувавме голови од најразлични ситуации и им овозможивме на навивачите да уживаат во нашето издание се до самата завршница. За жал, ни се случија „црни минути“ во кои пресуди нашата слаба реализација. Искусен тим како Пелистер знаеше како да го искористи тоа, да се врати и на крајот да стигне до реми. На крајот, Пелистер е задоволен бидејќи освои еден бод, ние не може да сме среќни бидејќи загубивме два, но одиме понатаму, треба да работиме на отстранување на грешките за истите да не ги повториме на следните натпревари“ – истакна Матлиески за официјалната веб-страница на клубот.
Во следното коло тимот на Пролет го очекува исклучително тешка задача, гостување во Битола против лидерот на табелата, Работник.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА