Голден Стејт го врза и третиот едноподруго триумф славејќи против Орландо со 116-110 во еден од синоќешните седум натпревари од НБА лигата.
Вориорс по првото полувреме имаа негатива од дури 17 поени, но во продолжението следеше голем пресврт и победа со која овој тим остана на второто место во Западната конференција.
За Голден Стејт не играа Кари и Грин, а до победата ги предводеше одлучниот Дурант со 49 поени и 9 асистенции. Втор најдобар стрелец во победничкиот тим беше Клеј Томпсон со 29 поени, додека кај противникот најдобар беше Никола Вучевиќ со 30 поени и 12 скока.
Интересен меч беше одигран во „Капитол арената“ во Вашингтон каде домашните по продолжение славеа против Хјустон со 135-131 (125-125). На Хјустон не му помогна ниту феноменалниот Џејмс Харден со 54 поени, 13 асистенции и 8 скока. Во победничкиот тим најдобар беше Џон Вол со 36 поени и 11 асистенции.
Кливленд на свој терен загуби од Минесота со 95-102, додека Шарлот беше подобар од Милвоки. Интересно беше и во Јунајтед центарот каде Сан Антонио како гостин славеше против Чикаго со 108-107. Бостон на гостински терен беше подобар од Њу Орлеанс со 107-124, а Индијана од Јута со 121-88.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА