Мирко Ивановски добива нов тренер: Хајдук му даде отказ на Вулиќ

Македонскиот напаѓач Мирко Ивановски ќе добие нов тренер. Сплитски Хајдук утрово информираше дека од функцијата шеф на стручниот штаб е разрешен Зоран Вулиќ!

Според информациите, Вулиќ утрово бил повикан во канцелариите на клубот каде од раководството му била соопштена веста за неговото разрешување.

Сето ова е епилог на лошите резултати на тимот, пет натпревари во низа без победа. А, што е најлошо на кризата не и се гледа крајот.

Вулиќ на клупата на Хајдук треба да го замени Синиша Орешчанин, кој треба да го води тимот од следниот натпревар.

Се вчитува...