Пике казнет со неверојатни 48.000 евра за сообраќаен прекршок

Дефанзивецот на Барселона, Жерард Пике повторно се најде во проблеми со шпанската полиција поради пребрзо возење.

Пике изминативе години често беше казнуван од истата причина, поради што судот сега одлучи да му изрече далеку поголема казна. Пред неколку дена доби нова казна со што го надминал максималниот број казнени бодови за возачката дозвола.

Фудбалерот на Барса неодамна остана и без возачката поради што со велосипед доаѓаше на тренинг, а кога истата му беше вратене ете не издржа без нова казна. Сепак, сега ќе треба да плати сериозна сума.

Според пишувањата на шпанските медиуми, Пике е казнет финансиски и ќе мора да плати 48.000 евра, што е неверојатно сума за сообраќаен прекршок. Од судот истакнале дека сето ова е за „ум“ во иднина!

Се вчитува...