Нејмар и Мбапе – стартери против Ливерпул

Тренерот на ПСЖ, Томас Тухел, на вечерашната прес-конференција ги израдува навивачите на францускиот првак објавувајќи дека двајцата најдобри играчи на „светците“, Нејмар и Килијан Мбапе, ќе се појават од првата минута на утрешниот дуел со Ливерпул. Двете големи ѕвезди се повредија при настапите за своите репрезентации, не настапија на последниот домашен меч со Тулуз, но откако тренираа со полна пареа во изминатите два дена нема дилеми дека ќе го предводат ПСЖ на утрешниот клучен натпревар.

„Нејмар и Мбапе ќе играат, тука нема никакви дилеми. Тренираа без проблеми и ќе се појават во стартниот тим. Наша цел ќе биде да играме што побрзо, со директни додавања да го исфрлиме противникот и потоа да ги проиграме Нејмар и Мбапе. Имаме голем респект за Ливерпул, тоа е екипа во вистинска смисла на зборот, што растеше под водство на Јирген Клоп во изминатите три години и сега игра извонреден фудбал“ – изјави Тухел.

ПСЖ моментно се наоѓа на третото место во својата група и со евентуален пораз би ги загубил шансите за пласман во осминафиналето.

Се вчитува...