Конте дојде на „Олимпико“ и му донесе среќа на Реал (фото)

Антонио Конте пред еден месец ја отфли можноста да седне на клупата на Реал Мадрид, но италијанскиот стратег не ја пропушти можноста да го проследи во живо актуелниот европски првак, кој вечерва играше на „Олимпико“ против Рома.

„Кралевите“ не одиграа спектакуларен меч, но Конте дефинитивно им донесе среќа, со оглед на големите промашувања на Рома во првото полувреме. Казната стигна во вториот дел преку Бејл и Васкез, за три бода со кои Реал си го осигура првото место на табелата.

Трофејниот италијански стручњак имаше можност на дело да ги види „кралевите“, не отфрлајќи ја можноста на крајот од сезонава да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“.

Се вчитува...