Манчестер јунајтед во последните мигови од натпреварот против Јанг Бојс на „Олд Трафорд“ успеа да постигне победнички погодок преку Маруан Фелаини, и да го прослави пласманот во нокаут фазара од Лигата на шампионите. Менаџерот Жозе Мурињо го прослави со бесна реакција крај аут линијата, фрлајќи ги шишињата со вода, а потоа имаше порака и за злобниците кои ги негираат неговите дела.
„Во 14 сезони, успеав 14 пати да се пласирам во нокаут фазата од Лигата на шампионите. Сезоната во која не играв во ЛШ, го освоив трофејот во Лигата на Европа“, изјави Жозе Мурињо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА