Гвардиола: Не паметам дека сум имал потежок противник

Со ремито (2-2) на гостувањето против Лион, Манчестер сити си обезбеди осминафинале во Лигата на шампионите. „Граѓаните“ двапати губеа но на крајот дојдоа до бод, што беше доволно за презимување во најквалитетното европско клупско натпреварување.

Пеп Гвардиола е задоволен од резултатот, но потенцира дека не се сеќава кога неговиот тим играла против вака цврст противник како Лион.

„Воодушевени сме и среќни, а тоа може да биде голем комплимент и за нас, но и за противникот. Ова е еден од најтешките противници кои сум ги имал како тренер. Успеавме да реагираме и на негативата од 1-0 и при 2-1 и сега сме во осминафиналето. Имавме и среќа, но покажавме дека умееме соодветно да одговориме при тешки ситуации“ – истакна по мечот Гвардиола.

Се вчитува...