Икарди ги честеше соиграчите со „Ролекс“ часовници

Мауро Икарди е вистински лидер на Интер, но аргентинскиот ас останува скромен делејќи ги почестите со соиграчите. Така, наградата за најдобар стрелец во Серија А за минатата сезона Икарди ја прослави купувајќи им ексклузивни подароци на сите останати фудбалери на „нероаѕурите“. Аргентинецот на секој од нив пред тргнувањето за гостувањето против Тотенхем им ги подари часовниците, сакајќи дел од прославата да бидат и Жоао Марио, Далбер и Галјардини, кои не се пријавени за настап во Лигата на шампионите.

„Ја добив наградата за најдобар стрелец, но не сакав да славам сам бидејќи без вас ова немаше да биде возможно“ – им порача Икарди на соиграчите.

Воедно, капитенот на Интер се погрижи часовници да добијат и Лисандро Лопез, Нагатомо, Пинамонти, Еден, Карамох, Сантон, Рафиња и Кансело, кои лани го носеа дресот на „нероаѕурите“, но во текот на летниот преоден рок ги променија клупските бои.

Се вчитува...