ПСЖ поведе со 2-0 на дуелот со Ливерпул по еден извонреден контранапад со кој „светците“ ги матираа актуелните европски вицешампиони.
Фирмино загуби топка на дваесетина метри од голот на ПСЖ, по што Нејмар почна акција од сопствената половина. Мбапе одлично го проигра Кавани, но Алисон го запре обидот на уругвајскиот голгетер. За среќа на „светците“, топката се одби само до Нејмар, кој немаше проблеми да ја смести во небранетиот дел од мрежата.
На полувреме се замина со предност на ПСЖ од 2-1, откако Милнер погоди од белата точка по стартот на Ди Марија над Мане.
Paris SG 2-0 Liverpool 36’ Neymar pic.twitter.com/wAUeEsNHj3
— Goal Radar #UEFA (@goalradarUEFA) November 28, 2018
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА