Ливерпул го претрпе третиот пораз на третото гостување во Лигата на шампионите сезонава, а Јирген Клоп по мечот се пожали на судискиот критериум.
„Толкаво сецкање на играта едноставно не беше „кул“. Тие паѓаа, глумеа дека се „мртви“ на теренот, а ние изгледавме како касапи. Ние два пати ја освојувавме наградата за фер-плеј, поради ваквите лукави трикови на домаќините ја загубивме смиреноста“ – истакна Клоп.
Германецот посочи и дека судијата немал храброст да му покаже директен црвен картон на Марко Верати за грубиот старт врз Гомез во првото полувреме.
„Сите имаме очи. Ја видов целата ситуација и едно е сиурно – бојата на картонот никако не смееше да биде иста како онаа што ние 500 пати ја добивме вечерва“ – вели стратегот на Ливерпул.
„Црвените“ сега се наоѓаат во незгодна ситуација, за пласман во осминафиналето им е потребна победа од 1-0 над Наполи во последното коло, а доколку „наполитанците“ постигнат гол, тогаш Ливерпул ќе мора да слави со најмалку два гола разлика.
„На крајот сепак ние си решаваме за судбината. Ако победиме, одиме понатаму. Ќе ни биде потребна помош од публиката, но не се сомневам дека ќе ја добиеме“ – порачува Јирген Клоп.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА