Тотенхем го олади Реал со цената за Ериксен

Желбата на Флорентино Перез данскиот ас Кристијан Ериксен да го наследи Лука Модриќ во дресот на Реал Мадрид најверојатно нема да се оствари, откако Тотенхем одреди неверојатна цена за својот клучен фудбалер. Имено, „спарси“ му порачале на европскиот првак дека Ериксен е проценет на 250 милиони евра, како јасна порака Реал да не се обидува да го доведе Данецот на „Сантијаго Бернабеу“.

Лука Модриќ минатото лето остана во Мадрид, но „кралскиот клуб“ е подготвен да даде зелено светло за негово заминување во јули 2019 година. Планот е во меѓувреме да биде најдена и адекватна замена, на врвот на листата со желби беше Ериксен, но ставот на Тотенхем е повеќе од јасен. Шанса за овој трансфер сепак постои, со оглед на фактот дека договорот на данскиот ас со лондонскиот клуб истекува во јуни 2020 година. Ова практично значи дека „спарси“ имаат до крајот на сезонава да договорат продолжување на соработката, во спротивно ќе бидат принудени да го продадат и да не ризикуваат тој да си замине без никаква отштета.

Во една таква ситуација и цената дефинитивно би паднала под 100 милиони евра, што би значело и зелено светло за офанзива на Реал Мадрид.

Се вчитува...