Герет Бејл и Кристијано Роналдо би можеле повторно да заиграат заедно во дресот на Јувентус. Веста која ја заинтригира фудбалската јавност излезе од менаџерот на Бејл, Џонатан Барнет кој воедно му е менаџер и на полскиот голман Војчех Счешни.
„Војчех го сакаа сите, но Јувентус му вети дека ќе го наследи Буфон и го исполни ветувањето, тој не сака да размислува за ниедна друга понуда. Што се однесува до Бејл, не е е невозможно и тој да дојде во Јувентус. Добро му е во Реал мадрид, но ова е фудбал и се е можно. Доаѓањето на Кристијано Роналдо во Серија А значи дека сега секој играч размислува за Италија“ – изјави Барнет.
Можноста Роналдо и Бејл повторно да заиграат заедно, менаџерот ја прокоментира со следната забелешка:
„Зошто да не, тие двајца сакаат да играат заедно!“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА