Циндриќ: Само да нема свирежи, се уште имам многу пријатели во Скопје

Лука Циндриќ добро знае од колкава помош ќе му бидат навивачите на Вардаар на саботниот дуел од Лигата на шампионите против Кјелце. Хрватот долги години беше миленик на скопските навивачи, а во пресрет на натпреварот во СЦ „Јане Сандански“ има само една желба – да не слушне свирежи.

„Очекувам полна сала, дефинитивно ќе биде одлична спортска атмосфера, многу гласна, само што овојпат публиката ќе биде против мојот тим. Се надевам дека нема да слушнам свирежи, минав три прекрасни гордини во Вардар, се уште имам многу пријатели во Скопје“ – истакнува Циндриќ.

Хрватот се мачи со незгодна повреда на мускулот веќе извесно време, но тренираше со остатокот од тимот во последните денови и очекува да се најде на списокот на патници за Скопје.

„Тренерот треба да реши по консултациите со лекарскиот тим, но очекувам да патувам за Скопје. Се чувствувам добро, тренирам без никаква болка, се надевам дека одлуката ќе биде позитивна за мене. Знам колку е тешко да се победи Вардар во Скопје и сакам да помогнам во борбата да го осигураме второто место во групата“ – порача Лука Циндриќ.

 

Се вчитува...