Екипата на Пролет два месеци не знае за пораз во ракометната Супер-лига на Македонија, па амбициозниот скопски состав со право без страв патува за Битола, на утрешниот дуел со лидерот Работник.
„Не е тајна дека Работник е фаворит, со оглед на фактот дека станува збор за екипа што е првопласирана на табелата без ниту еден претрпен пораз. Сепак, тоа не значи дека ние ќе се предадеме, одиме таму без бело знаме, во обид да се надигруваме и доколку ни се укаже и најмала можност, зошто да не и да го изненадиме Работник. Работиме напорно, добро сме подготвени и верувам дека ќе прикажеме добра игра и на овој натпревар, како што тоа беше случај и на претходните средби“ – истакнува тренерот Никола Матлиески.
Натпреварот меѓу Работник и Тинекс Пролет на програмата е утре со почеток во 16.30 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА