Нико Ковач по убедливата победа над Бенфика доби уште една шанса во Бундес-лигата да докаже дека е вистинскиот тренер за Баерн Минхен. Актуелниот првак заостанува девет бода зад водечката Борусија Дортмунд и моментно се наоѓа на петтото место на табелата, а Ковач призна дека дел од причините за слабите биле честите ротации во првиот тим, пракса што ја укинува почнувајќи од претстојниот дуел со Вердер.
„Веќе нема да се ротира тимот како претходно, меѓу другото и бидејќи ја најдов вистинската комбинација. Со Кимих и со Горецка добивме на стабилност во средниот ред, кога играат тие двајца можеме брзо да ја вратиме загубената топка, воедно и одбраната е позаштитена“ – истакна Ковач.
Германските медиуми најавуваат дека Баерн ќе се префрли на формација 4-1-4-1, во која Кимих ќе настапува како последен играч за врска, но затоа средниот ред ќе биде исклучително офанзивен, со Рибери, Робен, Милер и Горецка како поддршка за Роберт Левандовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА