Рома ќе биде сериозно ослабена на следните неколку натпревари откако беше обелоденето дека тренерот Фи Франческо нема да може да смеета на услугите на Един Џеко и на Стефан ел Шарави.
Денешните детални прегледи покажаа сериозен проблем – Џеко има кинење на мускул меѓу прв и втор степен, додека Ел Шарави се мачи со лигаментите и ќе мора да мирува најмалку дваесет дена од терените. Ова значи дека двајца одлични напаѓачи ќе пропуштат најмалку четири натпревари на Рома, незнајачниот меч од ЛШ против Плзен, како и средбите од Калчо-лигата против Интер, Калјари и Џенова. Во таборот на Рома се надеваат дека најмалку еден од двајцата стандардни првотимци ќе се врати навреме за големото дерби со Јувентус закажано за 22 декември.
Во отсуство на Џеко шанса да одигра неколку средби во серија ќе добие Патрик Шик, додека местото на Ел Шарави во стартниот тим на Рома ќе му припадне на Џастин Клајверт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

